Беа убиени во заседа во раните утрински часови, додека во армиски конвој се движеа кон Тетово.
Покрај семејствата на убиените и бранителите, денеска на местото на трагедијата, почит оддадоа и претставници на Владата, АРМ, кабинетот на претседателката, политички партии.
Јордан Трајковски од Здружението на резервните воени обврзници од Прилеп во изјава за медиумите потсети на децениската желба на бранители да се постават соодветни спомен обележја, за сите бранители кои во 2001та ги дале животите за Македонија.













