Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

240 забелешки за просторниот план до 2040 – та

/

Македонија

Сподели преку :

Дали забелешките на граѓанските организации ќе доведат до промени во Нацрт-просторниот план на државата до 2040 година? – Ова е прашањето што го отвора „Здрава котлина“ по доставувањето на 240 приговори на документот за кој велат дека мора да ги утврди развојните приоритети, а не само да ги евидентира постојните состојби.

Од иницијативата бараат институциите да се произнесат по секоја забелешка и со докази да ја поткрепат оправданоста на предложените плански решенија.

„Ние очекуваме државата да си ги почитува своите закони, во таа смисла и просторниот план не е само мапирање на она што имаме, туку и дефинирање на развојот што планираме да го оствариме во наредниот период, конкретно до 40 година. Така што манипулација е да се тврди дека мора се да внесеме, напротив ние можеме да имаме конфликтни информации за многу нешта, но токму просторниот план ги решава сите овие информации, се дава предност што ќе има стратешки на една страна што на друга страна“, вели Ѓорги Танушев, активист на „Здрава котлина“.

Во „Здрава котлина“ сметаат дека прашањето е особено важно за југоисточниот регион, каде што планираните рударски активности отвораат дилеми за идниот развој на земјоделството и заштитата на животната средина. Оттаму очекуваат институционален одговор на доставените приговори, кои, според нив, содржат конкретни образложенија и докази во прилог на нивните барања.

„Струмичкиот регион е премал за рударските апетити, особено во поглед на таа работа ние очекуваме да ни се одговори на 240 забелешки што ги испративме во писмена форма, да добиеме назад одговори, бидејќи тие забелешки се суштествени, таму се запишани во контекст и во законска форма и се предложени докази кои за да се оспорат, мора да добиеме контра докази дека тоа што се предлага во просторниот план е издржано. Во спортивно, ќе излезе дека некој не ги почитува законите и веројатно ја злоупотребува службената должност и овластување“, рече Танушев.

Од граѓанската иницијатива и натаму продолжуваат со активностите на терен и средбите со жителите на населените места во регионот.

Целта е граѓаните да бидат информирани за предвидените плански решенија, можните последици од рударските проекти и значењето на нивното учество во постапката за донесување на просторниот план.

Сузана Мицева

Jumbo 2