Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

16-годишник сам се пријавил дека ненамерно го повредил својот другар со остар предмет

/

Македонија

Сподели преку :

Шеснаесетгодишен малолетник бил лишен од слобода во Тетово, откако самиот се пријавил во полиција и кажал дека при разговор со свој малолетен другар ненамерно го повредил со остар предмет.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 3 септември во 22:30 часот во СВР Тетово.

Пријавата ја поднел 47-годишниот Б.Ш. од селото Челопек. Тој известил дека околу 18:30 часот истиот ден, неговиот малолетен син седел на клупа во близина на Културниот дом во Тетово.

Во тој момент, според пријавеното, кај него дошол неговиот 16-годишен другар од тетовско село. Додека разговарале, малолетникот наводно ненамерно му нанел повреда со остар предмет.

По настанот, 16-годишникот не избегал, туку подоцна самиот се упатил во СВР Тетово и се пријавил во полиција.

Полицијата го лишила од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „Телесна повреда“, предвидено во член 130 од Кривичниот законик.

За случајот бил известен јавен обвинител, а полициските службеници продолжуваат со преземање на потребните мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

 

Jumbo 2