Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

11 Октомври: Од борба за слобода до борба за достоинствен живот

/

Македонија

Сподели преку :

На 11 октомври 1941 година пукнала првата пушка за слободна Македонија. Осумдесет и пет години подоцна, слободата за граѓаните значи навреме платени сметки и врзување крај со крај во месецот.

11 Октомври е значаен ден за македонската историја. А како на тоа гледаат граѓаните? Затоа ги прашавме што за нив претставува денешниот празник.

Повозрасните граѓани со почит зборуваа за жртвите што паднале за слободна Македонија, но имаа и по некој совет за младите и политичарите кои ја кројат иднината.

АНКЕТА – граѓани

„Неслобода е и кога нема, а не само кога некој не ме тепа и не ме кара“, вели еден граѓанин.

„Национален празник на македонскиот народ. Многу ми значи, затоа и го празнуваме. Еве, не одиме на викенди за да јадеме и да пиеме, туку за да го прошетаме нашиот град.“

„За нас е еден од најголемите празници за нашата држава. Јас секогаш сум се чувствувал слободен граѓанин во оваа држава и ќе продолжам да се чувствувам така. Драго ми е што сум овде.“

На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред ги нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Од храброста на оние што го кренаа гласот за слобода до визијата за една современа и демократска држава, 11 Октомври останува еден од најзначајните симболи на македонската историска меморија.

Денот кога отпорот стана одлука, а слободата — идеал за кој се поднесуваат жртви, сведочи за непокорот на генерациите што ја трасираа борбата за сопствена државност.

Македонија продолжува да го гради своето место во современиот свет како членка на НАТО и на Обединетите нации, со стратешка определба да стане дел од Европската Унија.

Софија Бислимоски

Снимател: Шани

Jumbo 2