Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче на првиот роденден кај ќерката на Јасмина Василковска

/

Македонија

Сподели преку :

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку својот Фејсбук профил информира дека денеска ја запознал Лара, ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи.

Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство, напиша Филипче на Фејсбук.

Jumbo 2