Преку социјалната мрежа Фејсбук, од Обединетите Арапски Емирати се огласи Трајче Заев. „Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви, а ниту еден од уапсените не е вработен во фирма на Заеви“, потенцира тој во фејсбук-објавата и тврди не избегал, туку од 23-ти март е на службено патување. Преку соопштение реагираше и СДСМ: И оттаму демантираат поврзаност меѓу семејството Заеви и акцијата за заплена на дрога. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ ги нарекоа лаги, тенденциозни манипулации и конструкции.













