Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се вакцинираше и министерот Филипче, прими кинеска „Синофарм“

/

Македонија

Сподели преку :

Министерот за здравство Венко Филипче денес ја прими првата доза од ковид вакцината на кинеската компанија „Синофарм“ и рече дека добро се чувствува. Вчера со кинеската „Синофарм“ се вакцинираше премиерот Зоран Заев.

„Вакцината е нешто што сите го чекавме. Апелирам сите да се свесни дека вакцините се безбедни, дека несаканите ефекти се навистина мали“, кажа Филипче по вакцинирањето.

Сите министри, согласно Националниот план за имунизација, во наредните 10 до 14 дена ќе ја примат својата доза, најави тој, додавајќи оти така е одлучено, Владата да се вакцинира после Собранието.

Според последните информации од Министерството за здравство,  само вчера се вакцинирале 12.606 граѓани.

Во земјава имунизацијата се одвива со вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“, „спутник“ и „Синофарм“.

Две дози на ковид вацкина досега примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Jumbo 2