Резултатите од локалните избори повеќе сугерираат дека постои подготвеност на партиите да се оди на предвремени парламентарни избори, отколку да се создаде влада на широка коалиција, вели професорот на Правниот факултет, Александар Спасеновси, кој исто така ја поддржува оваа опција. Тој гостуваше во вестите на Телма во 15.30 и зборуваше за можните сценарија по овој политички пресврт во државата. Со него разговараше Сања Васиќ.













