Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина виолинистот Зоран Џорлев

/

Македонија

Сподели преку :

На првиот ден од 2021 година, почина познатиот виолинист Зоран Џорлев. Тој покрај еден од најдобрите македонски вионилисти, беше вокален изведувач и професор.

Наводно Џорлев се лекувал од коронавирусот, но ја загубил битката.

Џорлев почина на 54. годишна возраст. Роден е 1967 година во Струмица. Татко му беше познат композитор на народна музика и водач на оркестар.
Дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност.
Зоран Џорлев беше познат по многубројните обработки и изведби на македонски народни и забавни песни, обработки на филмски, џез и етно теми.
Jumbo 2