Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Пожар на трансформатор во РЕК Битола- пожарот е изгаснат, нема повредени

/

Македонија

Сподели преку :

Доцна вечерва избувна пожар во РЕК Битола. Според првичните информации станува збор за пожар на трансформатор во рамките на термоцентралата. Пожарот е изгаснат, соопштија од РЕК.

Поради пожарот, цел РЕК Битола е исклучен, продолжува влечење струја од европската мрежа

Поради пожарот и воспоставените безбедносни процедури цел РЕК Битола е надвор од производствениот процес и не произведува струја. Релејната заштита автоматски ги исклучува сите блокови од производство во случај на пожар, како што беше вечерашниот на трансформатор кој бргу е изгаснат, но процедурата за исклучување е автоматизирана. РЕК Битола обезбедува околу 70 проценти од потребите… Продолжи со читање

telma.com.mk

Новинарката на Телма Емилија Мисирлиевски јавува дека според првичните информации нема повредени, а се огласи и комбинатот.

-Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат, стои во соопштението од РЕК.

На видео објавено на ФБ профил на Сребре Марковски се гледа пожарот и како интервенира противпожарно возило.

https://www.facebook.com/srebre.markoski/videos/1030738867718759

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека нема опасност ниту за блоковите, ниту за вработените.

 

 

 

Jumbo 2