Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски: Со меѓусебна почит и традиционално пријателство изградивме одлични македонско-полски односи

/

Македонија

Сподели преку :

Билатерални односи меѓу Македонија и Полска, европската интеграција на земјава во Европската Унија, како и состојбите во поширокиот регион и Европа биле темите на разговорот меѓу претседателот Стево Пендаровски и полскиот претседател Анджеј Дуда, кој е во официјална посета на нашата земја.

Со заеднички напори и посветеност изградивме одлични македонско-полски односи и плодна соработка во изминатите години, врз основа на меѓусебна почит и традиционално пријателство, напиша претседателот Пендаровски на фејсбук по пречекот на неговиот полски колега.

 

Jumbo 2