Падна системот на Фондот за здравство. Матичните лекари од вчера па се` до денеска на пладне не можеа да закажат никакви здравствени услуги за граѓаните, не издавале ниту упати, ниту рецепти. За Телма сведочат за хаосот со кој се соочиле. Од фондот пак, потврдија дека имало технички проблеми.













