Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова група од 131 авганистански граѓанин вработени во Обединетите нации пристигнаа во Македонија

/

Македонија

Сподели преку :

На Меѓународниот аеродром во Скопје синоќа пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан. Се работи за вработени на Обединетите нации, за кои Северна Македонија обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава.

Од владината прес-служба информираат дека земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.

По слетувањето, беше спроведена стандардната процедура- безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Како што соопштија од Владата, тие ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.

Инаку, во земјава во моментов престојуваат 531 граѓанин на Авганистан, за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.

Од Северна Македонија до сега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.

Нова група авганистанци од земјава заминаа за Португалија

Седуммина граѓани на Авганистан, четворица возрасни и три деца, изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, заминаа за Португалија како нивно трајно одредиште, соопшти Влада. Авганистанските бегалци биле вработени во меѓународни организации. Во Македонија во моментов престојуваат 400 граѓани од Авганистан. Тие овде ја добиваат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2