Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Николов објави победа на изборите во Штип

/

Македонија

Сподели преку :

Kандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип Сашко Николов со членовите и симпатизерите прогласија победа на денешните избори за градоначалник во Општина Штип.

Николов најави дека прв приоритет ќе му биде формирање на фонд за заштитни маски со којшто секој граѓанин ќе добие бесплатна заштитна маска, по што, како што рече, ќе се зафати со сите инфраструктурни проблеми, но и со реализација на сите проекти кои се во тек.

Доктор Сашко Николов е новиот градоначалник на  Штип. Срцето на македонскиот Исток останува во сигурни раце, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев обраќајќи се вечерва во Штип по денешните предвремени парламентарни избори за градоначалник.

Имавме, оцени Заев, успешен победнички ден, на фер, слободни, демократски и најважно од се, безбедни  избори за здравјето. Вечерва победи Штип и желбата да продолжи развојот.

Се заблагодари на штипјани што, како што рече, покажале чувство и свест за својот град и општина да продолжи да се развива.

Jumbo 2