Можеби Дубаи беше грешка, но имам право на одмор, работам по 16 часа на ден и чесно и искрено е три дена да и ги посветам на сопругата. Вака вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски го правдаше одморот во Дубаи за време за време на пандемија.
Тој одговори и дека не е вакциниран против ковид-19 и дека патувал како обичен граѓанин и не користел буџетски средства. Се извини за како што рече дека можеби испратил лоша порака.













