Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Немањето достоен споменик на Карпалак, за бранителите е уште еден доказ дека државата ги заборавила

/

Македонија

Сподели преку :

И по 20 години нема достојно спомен обележје кај Карпалак посветено на десетте прилепски бранители кои загинаа на ова место во воениот конфликт во 2001 година. И денес делегациите положуваа цвеќе пред спомен плочата поставена на банкината од автопатот Скопје -Тетово. Лицата кои го преживеаја нападот се разочарани.

Бранителите се пожалија дека државата ги заборавила луѓето кои ја бранеа земјата и дека за нив ништо не е направено во изминатите години.

На 8 август 2001 година десет резервисти на македонските безбедносни сили беа убиени во заседа кај месноста Карпалак, а тројца ранети кога конвојот од Прилепската касарна се движел кон Тетово.

Данијела Билбилоска

Jumbo 2