Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Националната стратегија за борба против корупција презнетирана пред пратениците

/

Македонија

Сподели преку :

Зголемување на нивото на политичката одговорнос  и демонстирање на воља за борба против  корупцијата, совесно управување со политичкото влијание во јавниот сектор, јакнење на интегритетот и отчетноста на јавниот сектор  интегритет и транспарентност при вработувањето базирано на систем на вредности и квалитет се главните цели на националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот од 2021 до 2025 година која денеска пред членовите на Комисијата за политички систем во Собранието ја презентираше шефицата на Антикорупциска, Билјана Ивановска

Корупцијата е динамична појава а владеењето на правото и политичките влијанија се клучните проблеми кои поттикнуваат корупција.

Ивановска смета дека стратегијата во чија изработка учествуваа невладиниот сектор, државните институции, медиумите и меѓународната заедница е темел на законската рамка и спроведување на реформските активности.

Пратениците од опозицијата очекувано, со забелешки околу стратегијата, и дали и колку ќе може да ја намали корупцијата во државата.

Пратениците од власта и опозицијата  и овој пат ја искористија можноста за да си разменат меѓусебни обвинувања и да шират популизам

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2