Не дозволувајте уште една генерација млади луѓе да не го доживее европскиот сон во својата држава. Ова е пораката која на три јазици македонски, албански и англиски денеска ја упатија младите во земјава, по повод 9 мај, денот на Европа. Истата, учесниците во платформата организрана од МНР, ќе ја достават на Европската делегација во Скопје и амбасадите на земјите-членки, а ќе биде исраптена и до Европските претставници во Брисел.













