Компанијата “МГ Фешн”, која треба да ги гради високатниците спроти хотелот “Холидеј Ин”, за Телма потврди дека веќе добила градежна дозвола од општина Центар за изградба на првата зграда на таа парцела.
Министерот за транспорт Благоја Бочварски на денешниот брифинг кажа дека општината Центар дала електронска дозвола за градба на високатници спроти “Холидеј Ин”.













