Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: Приведен „копач“ на биткоини, одземени седум компјутери

/

Македонија

Сподели преку :

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров, вчера во 14:30 часот  на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.П.(37), поради постеоње основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, при претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што  биле пронајдени и одземени седум компјутери „мајнери’“за копање на криптовалути. Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Jumbo 2