Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здравство: Во тек се две трансплантации на бубрези за пациенти на дијализа од починат донор

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за здравство соопшти дека утринава започнале две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената ескплантација на органите која завршила во доцните ноќни часови.

Станува збор за двајца пациенти на дијализа, кои благодарение на хуманоста на семејството на донорот и нивната одлука да ги донираат органите, сега добиле шанса за нов живот.

Ова е четврта трансплантација од април до сега. Како што информираат од здравство, само во 2021-ва се направени 3 трансплантации на срце и 8 трансплантации на бубрези од починат донор.

Jumbo 2