Поранешните владини функционери учествуваа на самитот во Анталија каде Македонија имаше и официјална делегација.
Според ТВ 21, присуството на поранешниот премиер Зоран Заев на дипломатскиот форум на Анталија е поврзана со неговата идеја да формира фондација „Едно општество за сите“. Заев и претходно неколкупати најави дека по заминување во политичка пензија ќе се посвети на лична фондација.
Името „Едно општество за сите“ е земено од предизборниот концепт на СДСМ во 2017-та година. Партијата засега не се изјаснува што мисли за „позајмувањето“ на сопствените партиски кованици и концепти.
Она што се знае, согласно фотографиите и видеата кои беа лиферувани од овој дипломатски форум, е дека на Заев му правел друштво поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој истовремено со партискиот лидер ја напушти и СДСМ и владата. На форумот беше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, но никој не објави заедничка фотографија од двајцата (Заев и Османи), па не е јавно откриено дали се сретнале на брегот на Средоземното Море.
Дипломатскиот форум сепак го одбележа директната средба на украинскиот и рускиот министер за надворешни работи Кулеба и Лавров, со посредство на турскиот домаќин Чавушоглу. Таа се одржа на почетокот на форумот кој траеше од 11. до 13. март.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.996 тестови, а регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (198), регистрирана е 31 реинфекција. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (70г… Продолжи со читање













