Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Данела нема да го украсува Скопје за Нова година – раскинат договорот од 243.000 евра

/

Македонија

Сподели преку :

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го раскинала договорот за новогодишно украсување на Скопје, кој поранешниот градоначалник Петре Шилегов го склучи со фирмата „Линк медиа лус“  и истиот беше во вредност од 243.000 евра.

„Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува
електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со Владината
одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје побара раскинување на договорот со Линк медиа плус дооел за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000,00 денари односно
243.000 евра“, соопштија од Град Скопје.

 

 

Jumbo 2