Законските решенија за легализација на дивоградбите се бесмислени, бидејќи носат и своевидна амнестија на сите оние што досега граделе противзаконски, потенцира професорот Борче Давитковски кој смета дека законот има и предизборни цели, во очи на претстојните локални избори.
Со ваков закон се дава потпора на дивоградбите и на урбаната мафија, смета Давитковски.













