Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработените во Државниот завод за ревизија даруваа крв

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска во Државниот завод за ревизија беше организирана хуманитарна крводарителска акција заедно со Институтот за трансфузиологија, во која вработените на ДЗР даруваа крв.

Ваквата акција се реализира за првпат во Државниот завод за ревизија, која во изминатиот периодот активно е клучена во давање на поддршка за здравствените работници со донации или свој придонес за полесно справување со последиците од пандемијата Ковид 19.

Се надеваме, велат вработените од ДЗР, дека ваквата акција ќе биде поттик од останатите институции и организации да се вклучат во вакви хумани акции, преку кои ќе помогнат да биде спасен нечиј живот.

Jumbo 2