Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вооружен грабеж во центарот на Скопје-еден разбојник пукал

/

Македонија

Сподели преку :

Ограбена е експозитура на Уни банка во близина на Трговскиот центар Беверли Хилс во скопската населба Капиштец. Три вооружени лица одземале пари од вработените, по што испукале еден куршум. Нема повредени. Во 12,35 инцидентот бил пријавен во полициската станица Центар.

-На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР.

Покрај несудената конзулка Бесмира Ејупи, хонорари од Државно правобранителство добивала и нејзината сестра и ќерката на генералниот секретар

И сестрата на Бесмира Ејупи, несудената конзулка во Њујорка заработувала хонорарно во Државното правобранителство, покажуваат податоците на Отворени финансии. Фатиме Ејупи за две години во 14 наврати добила по околу 20 илјади денари по трансакција или вкупно заработила околу 4.200 евра до Државното правобранителство. Сестрата Бесмира пак која на затворена владина седница првин беше назначена… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2