Трајко Вељановски , Спиро Ристевски, Миле Јанкиески и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски се прогласени за виновни за организирање на упадот во Собранието на 27-ми април 2017-та година, објави предмалку судскиот совет предводен од судијата Илија Трпков.

Екс претседателот на собранието Трајко Вељановски – 6 и пол години затвор, поранешните министри Спиро Ристевски и Миле Јанакиески по 6 години и три месеци и екс началникот на УБК Владимир атанасовски – 6 години. Во пресудата за организаторите на Крвавиот четврток ги нема Никола Груевски и Никола Бошковски, кои избегаа. Судијата Илија Трпков ја… Продолжи со читање
Никола Груевски и Никола Бошкоски се обвинети, но недостапни за судот.
Судот констатира дека обвинетите со намера организирале план за да спречат мирно предавање на власта по повикот на екс премиерот Никола Груевски преку ТВ „граѓаните да не седат по папучи дома“.
-Ги мобилизирале членовите за да не се дојде до мирно примопредавање на власта преку одлагање на изборот на претседател на Собранието, истакна во образложението на пресудата судијата Илија Трпков.













