По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот ФБ профил информира дека се утврдени следните предлози за амбасадори:
- Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија
- Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада и
- Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации.
-Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24, објави Османи.

Соединетите Држави остануваат апсолутно посветени на завршување на процесот на европска интеграција на Западен Балкан, соопшти Стејт департментот. „Неоправдано и без причина, руската војна против Украина јасно укажува на зголемената итност на таа задача за трансатлантскиот сојуз“, изјави американскиот Стејт департмент за Гласот на Америка, пренесува Танјуг. Запрашан за можното прелевање на кризата на Балканот,… Продолжи со читање













