Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во МНТ гостува театарот од Дубровник со претставата „ Види како Локрум мие заби“

/

Култура

Сподели преку :

Македонскиот народен театар утревечер ќе биде домаќин на театарот „Марин Држиќ“ од Дубровник-Хрватска, кој што пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“. Претставата е работена според драматизацијата на Маријана Фумиќ, на истоимениот роман од хрватската писателка Ивана Ловриќ- Јовиќ.
– Претставата „Види како Локрум мие заби“, во режија на Паоло Тишљариќ, е емотивна и длабоко интимна приказна која се одвива во текот на една ноќ – помеѓу моментот кога главната протагонистка ја дознава веста за смртта на својот татко и неизбежното соочување со загубата. Низ четири генерации жени од едно семејство, претставата ги истражува сеќавањата, тагата, љубовта и сложените семејни врски. Таа исто така говори и за начините како човекот се справува со болката и загубата, се вели во дописто од МНТ.
Претставата е копродукција на театарот „Марин Држиќ“ и фестивалот „ Дубровнички летни игри“. Во актерската екипа настапуваат Марија Шегвиќ / Ирена Тереза Прпиќ, Сандра Лончариќ, Миреј Станиќ, Ања Матишиќ, како и Перица Мартиновиќ, Ника Ласиќ, Борис Матиќ и Бојан Берибака.
По премиерната изведба, претставата оствари бројни гостувања во Хрватска и странство, настапувајќи на значајни фестивали и сцени во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција.
Македонскиот народен театар со особено задоволство ја продолжува меѓународната културна размена со еден од најзначајните хрватски театри. Ова гостување ќе биде уште една можност за зближување на уметниците и публиката преку театарската уметност.