Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вечерва скопска премиера на „ Татко“ во режија на Иван Поповски

/

Култура

Сподели преку :

По 25 години откако ја реализираа монодрамата „ Дневникот на лудиот“ од Гогољ, режисерот Иван Поповски и актерот Бајруш Мјаку повторно соработуваат. Овој пат на текстот „ Татко“ од Флоријан Зелер- најпоставуваниот современ европски драмски автор и режисер, чија истоимена постановка „ Тајмс“ ја прогласи за претстава на векот . Скопската премиера вечерва во Албанскиот театар ќе се случи по изведбата на претставата на годинашното „ Охридско лето“. Проектот е во продукција на приватниот „ Театарот на еден актер“ за кој стои Бајруш Мјаку. Според режисерот Поповски, инспирацијата за претставата потекнува од актерската моќ на Мјаку и од текстот на Зелер.

Непресушната енергија на Бајруш Мјаку како актер и текстот на Флоријан Зелер, во кој е прикажан профилот на болен човек од деменција, но и поставувањето на гледачите во таа состојба, биле инспиративни за режисерот Иван Поповски, да ја постави претставата „ Татко“, вели тој. Нејзината скопска премиера, по изведбата на „ Охридско лето“ годинава, ќе се одржи вечерва во Албанскиот театар.

  • Односот спрема тој човек, како му е на тој човек, што е во главата, Зелер го има направено многу интересно дека на почетокот неколку пати гледачот и читателот кој го чита (текстот м.з.), се наоѓа точно во таа позиција, во која што се наоѓа човекот што е болен. И тоа ме заинтересира и ми се виде дека е многу театарски текстот, многу е инспиративен, рече Иван Поповски, режисер.

Претставата е во продукција на приватниот „Театар на еден актер“ , зад кој што стои Бајруш Мјаку.  Тој го толкува ликот на Андре, кој од горд старец поради деменцијата се претвора во сопствената сенка

  • Сакав од моја гледна точка, се обидов да си го земам целиот тој материјал од Зелер, да си го ставам внатре во себе си, како што сум го правел за другите ликови до сега, тие што сум сакал да ги реализирам. И да го извадам од себе само тоа што мислам и сум убеден дека тоа е болката на Андре, кажа Бајруш Мјаку, актер.

Играат и: Амернис Нокшиќи, Фисник Зекири, Сабина Мемеши- Асланај, Мелика Кастрати и Флакрон Алији. Сценографијата е на Енес Деари, а костимите се на Изет Цури.

Претставата е продукт на соработката меѓу Иван Поповски и Бајруш Мјаку, кој одбележува 53 години уметничка дејност, а со режисерот соработуваат 25 години по заедничкиот проект „ Дневникот на лудиот “ од Гогољ.

Сотир Трајков