Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седма самостојна изложба на Иван Аџиевски ,,Згужвана Меморија” во КСП Центар – Јадро

/

Култура

Сподели преку :

„Згужвана Меморија“ е уметнички проект кој ја истражува меморијата како динамичен и слоевит процес, подложен на трансформации под влијание на времето, емоцијата и личното искуство. Проектот вклучува серија слики изработени во техника масло на платно, како и уметничка инсталација, преку кои се проблематизира природата на сеќавањето и неговата променлива форма.

Визуелниот јазик се темели на апстрактни структури што асоцираат на згужвана површина, како метафора за меморијата — нешто што не исчезнува, туку се преклопува, деформира и повторно се артикулира. Наместо наративна репрезентација, делата нудат тактилно и визуелно искуство во кое формата, текстурата и материјалноста се примарни носители на значење.

Колористичките решенија, од пригушени монохроматски тонови до изразени контрасти, функционираат како емотивни и психолошки маркери, отворајќи простор за индивидуална интерпретација и интроспекција. Уметничката инсталација го проширува концептот на „згужваност“ од дводимензионалната слика во просторно искуство, вклучувајќи го посетителот во самиот чин на перцепција каде гледачот има можност да впише свое лично искуство (меморија) а по желба и истото да го згужва. На тој начин, меморијата се појавува како релациски феномен — нешто што се активира преку присуство, движење и интеракција со просторот и делото.

Проектот ја третира меморијата како активен, жив процес, при што несовршеноста и деформацијата се разбираат како суштински дел од нејзината природа во рамките на современата уметничка практика.

Иван Аџиевски роден во Скопје 1985 година, завршува правен факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во 2009 година. Во водите на сликарството влегува во 2018 година со реализација на својата прва самостојна изложба BEAUTY SPOT во галерија Концепт 37 каде беа изложени дела работени во комбинирана техника акрил на платно со престава на женски лик и акт во експесионистички  и кубистички манир.

На својата втора самостојна изложбa BEAUTY SPOT II во 2022 година во галерија КСП Центар Јадро престави 24 слики работени во различни сликарски медиуми и материјали со делумна апстракција и енформел кои беа продолжеток на предходната матрица на насликани портрети на девојки и женски акти кубистички претставени.

На третата самостојна мултимедијална концептуална изложба ,,ФОРМИ НА СИСТЕМОТ’’ – дел од програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година авторот се престави со слики, инсталации, склптура и видео проекција кои имаа за цел потикнување на јавен диалог и креативен активизам за надминување на корупцијата како економски и политички проблем.

На својата четврта самостојна изложба при Центарот за современи уметности -ЦСУ во 2024 година презентира слики на кои се прикажуваат (во реалноста непостоечки) монументи подигнати во презентираниот простор од Македонија во чест на неродените и отселените граѓани од државата како критицизам за постоечката економскосоцијална состојба во државата како причина за миграција.

На петата самостојна изложба насловена ,,Beauty Spot III“ беа изложени 12 слики работени во комбинирана техника со микс на медиуми на кои беше преставен женски лик и акт во експресионистички манир со делумна апстракција кои се продолжеток на насликани девојки и женски акти преставени на изложбите Beauty Spot 1 и 2. Изложбата беше дел од програмата на Центарот за современи уметности за 2025 година.

На својата шеста самостојна изложба насловена ,,Плацебо“ беа претставени уметнички слики изработени од алтернативни медиуми на платно на кои се застапени абстрактно насликани форми со минимален медитативен наратив со цел предизвикување на плацебо ефект кај гледачот за негово ослободување од секојдневниот стрес и визиуелизација на една друга реалност и димензија.

На седмата самојстојба насловена „Згужвана Меморија“ ќе претстави уметнички проект кој ја истражува меморијата како динамичен и слоевит процес, подложен на трансформации под влијание на времето, емоцијата и личното искуство. Проектот ќе вклучи серија слики изработени во техника масло на платно, како и скулпторска инсталација, преку кои се проблематизира природата на сеќавањето и неговата променлива форма. Проектот ја третира меморијата како активен, жив процес, при што несовршеноста и деформацијата се разбираат како суштински дел од нејзината природа во рамките на современата уметничка практика.