Синдикатот за култура на Македонија одржува протест пред Уставниот суд кој треба да одлучува за оспорениот колективен договор за култура и членот 78 – љ од Законот за култура. Протестот е поради стравувањата на синдикатот дека Уставен денеска ќе го укине колективниот договор со што ги остава во неизвесна позиција како понатаму ќе ги остваруваат своите работнички права.
Уставен ја оценуваше од април до сега уставноста на колективниот договор за култура откако синдикатот за култура и ресорното министерство по повеќе од една година конфронтации не најдоа заедничи јазик околу пресметките на платите на вработените во институциите од културата.













