Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради полицискиот час во МНТ претстави од 19 часот

/

Култура

Сподели преку :

Репертоарот на МНТ се поместува за еден час порано, согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија,  донесена денеска ( 9 март 2021 година) , за воведување полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, во следниве 12 дена на територија на цела држава, започнувајќи од утре вечер. Од МНТ информираат дека изведбите на претставите „Кец на десетка“, на 10 март, „Последната лента на Крап“, на 11 март и „Влези не се соблакај“ на 18 март , ќе започнат во 19 часот.