Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најдобрите млади диригенти по избор на Урош Лајовиц в петок ќе диригираат со Филхармонијата

/

Култура

Сподели преку :

Oркестарот на Филхармонијата в петок ќе го одржи концертот насловен „Мастерклас со Лајовиц“. Концертот ќе го водат млади диригенти кои ќе учествуваат на мастеркласот кој неделава го води познатиот словенечки диригент Урош Лајовиц. Тие оваа недела ќе работат со оркестарот на Филхармонија, а најдобрите меѓу нив ќе го водат концертот в петок.

На  концертот како солист ќе настапи македонскиот виолончелист Паскал Краповски, а на програмата се дела од Росини, Хајдн и Дворжак.