Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лавров пристигна во Турција

/

Вести

Сподели преку :

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вечерва пристигна во Турција, каде за утре е најавена средба со неговиот украински колега Дмитриј Кулеб, а тоа ќе биде прва средба на дипломатско ниво по руската инвазија на Украина, изјави неименуван турски претставник за AFP.

Средбата е закажана за утре наутро во Анталија, на југот на Турција, а е дел од 
напорите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да и даде на својата земја посредничка улога во решавањето на украинската криза.

 Претходно денеска Ердоган рече дека Турција може да разговара и со Украина и со 
Русија.За Лавров заминувањето во Анталија е прво излегување од Русија од 24 
февруари, кога таа земја ја започна инвазијата на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц разговараа во средата за „дипломатските напори“ во врска со конфликтот во Украина и за хуманитарните коридори за евакуација на цивили, соопшти Кремљ.