По убиството на седумнаесетгодишната Билјана Кириќ од Богданци, три граѓански мрежи бараат итни истраги за постапувањето на надлежните институции во случаите со смртни последици, законски измени и конкретни финансиски средства за заштита на жртвите. Во отворено писмо до институциите, Мрежата за заштита од дискриминација, Платформата за родова еднаквост и Националната ...
Вонредниот инспекциски надзор во Центарот за социјална работа во Гевгелија не утврдил пропусти во постапувањето на институцијата во случајот со седумнаесетгодишната Билјана Кириќ од Богданци. Инспекторите за социјална заштита, по увидот во службената документација, констатирале дека Центарот постапувал во рамките на своите законски надлежности и презел соодветни мерки за заштита ...
Смртта на седумнаесетгодишната, Билјана Кириќ отвори низа прашања за тоа колку се безбедни оние што пријавуваат семејно насилство и дали институциите навистина ги препознаваат и спречуваат ризиците. Додека се очекува одговорите да ги даде истрагата, во Богданци граѓаните излегоа да ѝ оддадат почит на младата сограѓанка, но и јавно да ...
Мирен протест се одржува вечерва во паркот во Богданци. Се палат свеќи и се истакнуваат транспаренти со порака дека нема да се молчи за фемицидот и се бара одговорност за смртта на 17-годишната Билјана Kириќ. Паркот е преполн, а жителите велат дека се затекнати од незапмтеното злосторство во ова мало ...
Инспекциски надзор во Центарот за социјални работи во Гевгелија по трагедијата во која животот го загуби седумнаесетгодишната Билјана Кириќ. Социјалната инспекција при Министерството за труд и социјална политика вчера извршила вонреден надзор за да утврди како институциите постапувале во случајот и дали биле преземени сите предвидени мерки за заштита на ...
Дваесет и едногодишниот Виктор Гунтеров, кој ја уби 17-годишната Билјана, имал активни шестмесечни мерки за забрана за приближување. По пријавата од нејзиниот татко на 30 септември во полицијата, Центарот за социјални работи во Гевгелија до основниот суд поднел предлог за усвојување на привремени мерки за заштита од семејно насилство. Одуката ...
Богданци е во шок по веста за смртта на двајца млади сограѓани, чии тела вчера вечерта беа пронајдени во близина на местото викано „Ичева чешма“, кај локалитетот Горно Село во Богданци. Според првичните неофицијални информации од Основното јавно обвинителство, најверојатно станува збор за убиство и самоубиство. Едното тело е на ...