Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Видео | Растат трошоците на производителите – ќе поскапи ли храната?

Просечните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во ноември изнесуваат 70.827 денари и за една година пораснале за дури 90 евра, или поточно за 5.654 денари, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија. За тоа најмногу придонесува промената кај ставката за храна и пијалаци, која за само една година е зголемена ...

Економија

Видео | Нови цени на месото и јајцата, се заканува нов бран поскапувања

Иако инфлацијата на годишно ниво изнесува 3,3%, сепак податоците од Државниот завод за статистика покажуваат многу поголемо поскапување на одредени категории храна кои се неопходни во секојдневието на граѓаните. На пример, месото и маслото се поскапи за над 5%, млекото, млечните производи и јајцата за 2,2%, зеленчукот за скоро 9%, ...

Економија

Видео | Патарината ќе се наплаќа по изминат километар – Николовски најави и воведување на електронска наплата

Електронска наплата на патарини без застанување на наплатните рампи. Ова е моделот што се подготвува со цел да овозможи автопати без физички патарини, систем што е во почетна фаза во регионот, а за кој што земјава ќе добие експертска поддршка од Европската Унија. „Идејата е, но оставам експертите да ја ...

Економија

Видео | Косово врати 12 тони производи од македонска млекарница – АХВ чека резултати од анализите

Косово врати над 12 тони прехранбени продукти произведени во македонска млекарница, откако при извршените контроли тамошната Агенција за храна и ветеринарство утврдила дека извозникот повторно ги прекршува критериумите за безбедност на храна и хигиена во производството според косовските стандарди, вклучително и незадоволителни лабораториски резултати кои во претходните пратки покажале присуство ...

Македонија

Видео | СДСМ: Извештајот на ММФ ги демантира бајките на ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската СДСМ со критики дека македонската економија е меѓу последните во Европа. Ова следува по извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој ја рангираше Македонија на 41-то место од вкупно 48 европски земји според бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител за годинава, додека на глобално ниво земјава е ...

Економија

Видео | Најскапо продаден стан во новоградба во Скопје е 3.160 евра за квадрат – извештај на Катастар за третиот квартал

Опаѓа продажбата на станови, а расте интересот за закуп. Новиот извештај на Катастарот на недвижности покажува дека во третиот квартал се продале вкупно 1.856 стари и нови станови или за 14% помалку од претходното тримесечје. „Во третиот квартал од 2026 година на целата територија на Република Северна Македонија во Регистарот ...

Економија

ЕК: Сивата економија и работата на црно се пречки за водење бизнис во Македонија

Миксот на политики не ги задоволува доволно актуелните предизвици, особено зголемената инфлација и потребите за фискална консолидација, забележува Европската комисија (ЕК) во својот нов извештај за Македонија. Во него се вели дека монетарната политика остана разумна во услови на силен кредитен раст и вишок ликвидност, додека фискалната политика ги зголеми ...

Економија

Видео | Помалку пари за образование, повеќе за плати – училиштата може да останат без пари за струја и парно

Дали е можно да се спроведат реформи во образовниот систем со помалку пари, а при тоа да се очекува квалитетно образование? Ова е клучното прашање што го поставуваат дел од економистите, кои анализирајќи го предлог-буџетот за 2027 година во делот на образованието посочуваат на одредени нелогичности. „Гледаме еден феномен кој ...

Македонија

Видео | БИЗНИС Објектив- ЕК: Има пораст на плати и на БДП, но недостасува продуктивност

Конкурентноста на економијата е тоа што и недостасува на земјава, сметаат економистите, кои во голема мера ги очекуваа оценките што земјава ги доби од Европската комисија во веска со економскиот напредок. Клучните критики се дека иако растат платите и бруто домашниот производ, сепак недостасува поголема продуктивност. Покрај тоа, Европската комисија ...

Економија

Видео | ЕК: Сивата економија и работата на црно се долгорочни пречки за бизнисот во Македонија

Економскиот раст во Македонија го движи потрошувачката, а не продуктивноста, што покренува загриженост во врска со одржливоста на растот, пишува во новиот извештај на Европската комисија за земјава. Иако станува збор за солиден раст, сепак тој е поттикнат главно од домашната побарувачка, како од домаќинствата, така и од државата. „Растот ...

Економија
Мирјана Јовеска

Автор: Мирјана Јовеска