Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Танкер со 7.000 тони дизел се превртел во близина на Ибица

Танкер кој превезувал 7.000 тони дизел потона во близина на Балеарските острови, при што загинал еден член на посадата, соопштија шпанските власти. Бродот Мед Емре, кој пловел под малтешко знаме, се превртел рано утрово во водите помеѓу Валенсија и Балеарскиот остров Ибица. Сите 17 членови на посадата биле евакуирани, но ...

Свет

Лидерите на ЕУ ги продолжуваат преговорите за новиот буџет и помошта за Украина

Лидерите на земјите членки на ЕУ денеска ги продолжуваат преговорите за новиот повеќегодишен буџет на унијата, чија големина предизвика длабоки поделби меѓу нив. Земјите се поделени во два табори, првиот кој сака поголем буџет и поголеми инвестиции во индустријата и одбраната, додека вториот инсистира на помал буџет и категорично одбива ...

Свет

Холандија се противи на обидот на САД да ги принуди сојузниците да воведат рестрикции за извоз на висока технологија во Кина

Холандската влада го повика американскиот Конгрес да не го усвои предлог законот со кој се бара од американските сојузници да воведат рестрикции во извозот на напредни микрочипови и високотехнолошката опрема потребна за нивно производство. Холандија смета дека овој закон ќе биде тежок удар за АСМЛ, холандскиот производител на опрема потребна ...

Свет

За два часа по враќањето на Хуанг, вредноста на Nvidia скокна за еден трилион долари

Само еден час по соопштението на Nvidia дека бордот на директори едногласно одлучил Џенсен Хуанг да се врати на чело на компанијата, цената на нејзините акции на отворањето на тргувањето на Насдак индексот скокна за 30 проценти. Во истиот период, целокупната вредност на компанијата се зголеми за еден трилион долари. ...

Економија

Климатскиот самит на Обединетите нации во Анталија – чекор назад во борбата против климатските промени

31 година по првиот самит за климатски промени на Обединетите нации, конечниот текст по речиси двонеделните дискусии за прв пат ќе биде поблаг од претходниот, поткопувајќи ги напорите за намалување на глобалното затоплување. Иако со години многу земји и невладини организации го критикуваат овој формат и предупредуваат дека дебатата се ...

Свет

Падот на берзите ја повлече надолу и цената на Антропик и покрај историската вредност при излегувањето на пазарите

По еуфоријата од првиот ден во излегувањето на берзите, цената на акциите на Антропик, една од најголемите технолошки компании на светот вклучени во развојот на вештачката интелигенција, на затворањето на вториот ден на тргување забележа драматичен пад, кој се прелеа на сите технолошки индекси ширум светот. Резултатите од излегувањето на ...

Свет

Падот на берзите ја повлече надолу и цената на Антропик и покрај историската вредност при излегувањето на пазарите

По еуфоријата од првиот ден во излегувањето на берзите, цената на акциите на Антропик, една од најголемите технолошки компании на светот вклучени во развојот на вештачката интелигенција, на затворањето на вториот ден на тргување забележа драматичен пад, кој се прелеа на сите технолошки индекси ширум светот. Резултатите од излегувањето на ...

Економија

Американските преговарачи интензивно подготвуваат терен за вклучување на Европејците во преговорите за крај на војната во Украина

Речиси пет години од почетокот на војната, најголемиот конфликт на европско тло уште од Втората светска војна, земјата која ја започна за прв пат сериозно ја разгледува можноста да дозволи вклучување на европските земји во преговорите за постигнување мир. Иако Москва се уште застапува ставови кои емитуваат неподготвеност за завршување ...

Нексус

Голем руски напад врз Украина, повторно нарушен полскиот воздушен простор

Руската армија во текот на ноќта спроведе еден од најголемите напади врз Украина од почетокот на војната, во кој загинаа најмалку пет лица, повторно таргетирајќи три мостови на реката Днепар во Киев. Покрај врз престолнината, украинските власти пријавија напади и во Лвов, каде руска балистичка ракета погодила билетарница на железницата, ...

Свет

Си ги пречека Трамп и Путин во Шенжен пред утрешната трилатерална средба

Најновата шпионска афера со извршниот директор на Нвидиа и трговските рестрикции најверојатно нема да бидат на маса пред претседателите на Соединетите држави и Кина, кои денеска се среќаваат во Шенжен, во рамки на самитот на Азиско пацифичката економска соработка. Си Џинпинг со прегратка го пречека Трамп како дел од внимателно ...

Свет

Завршија преговорите во Абу Даби – наместо договор за прекин на огнот, Москва и Киев се согласија на нова размена на затвореници

Добар прв чекор по осум месечна пауза. На овој начин американскиот преговарачки тим ја оцени дводневната рунда преговори, која заврши денеска во Абу Даби. Но, и покрај инсистирањето на американските преговарачи, единствениот конкретен резултат од дводневните разговори беше договорената размена на заробеници. Иако, деталите околу бројот и датумот кога таа ...

Свет

Втор ден преговори во Абу Даби за војната во Украина

Трилатералните разговори за завршување на војната во Украина продолжуваат денеска, откако по вчерашниот четиричасовен состанок американските посредници оценија дека бил постигнат напредок и дека и двете страни демонстрирале флексибилност. „Ова не е нешто каде решението е на дофат во следните 24 часа или нешто слично, но тоа што е навистина ...

Свет

По осум месеци нова рунда преговори во Абу Даби, но позициите околу безбедносните гаранции остануваат далечни

За прв пат по февруари преговарачките тимови на Украина, Русија и Соединетите држави одржуваат нова рунда преговори во Абу Даби. Пред нивниот почеток Вашингтон изрази претпазлив оптимизам затоа што и Киев и Москва демонстрирале одредена флексибилност околу прашањето кој ќе управува со окупираните украински региони на истокот од земјата, но ...

Свет

Франција го обвини Иран дека стои зад хакерските напади врз европските супермаркети

Францускиот министер за надворешни работи, Жан Ноел Баро ја обвини иранската Исламска револуционерна гарда дека ги организирала хакерските напади врз неколкуте ланци супермаркети во земјата, каде ги репрограмирале фрижидерите и замрзнувачите да ја зголемат температурата. Тоа беше првиот голем сајбер напад со цел да се спроведе саботажа на национална територија, ...

Свет

„Политички лов на вештерки“ – обвинува Орбан по информациите за апсењето на неговиот брат

Поранешниот унгарски премиер, Виктор Орбан, упати остри критики за владата на Тиса и неговиот наследник на функцијата, Петер Маѓар, за спроведување политички прогон, откако медиумите во земјата објавија дека неговиот брат бил уапсен како дел од истрагата за разбивање синџир за трговија со луѓе. Целта на ова валкана игра е ...

Свет

Акциите на Нвидиа во пад по откритието дека нејзиниот извршен директор имал вонбрачна афера со жена осомничена дека соработува со кинеското разузнавање

Вредноста на зкциите на американскиот технолошки гигант Нвидиа паднаа за 8 проценти на отворањето на американската берза денеска, откако вчера компанијата објави дека отворила интерна истрага по наводите дека нејзиниот извршен директор, Џенсен Хуанг бил мета на кинеска шпионска операција. По иницијалниот пад, цената на акциите се покачи но тие ...

Свет

Фицо остана без мнозинство во словачкиот парламент, внатрешно коалициските тензии продолжуваат да предизвикуваат „пребегнувања“

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не може да смета на мнозинството во словачкиот парламент, откако уште еден пратеник од коалициските партии ѝ се приклучи на ново формираниот политички проект на донеодамнешниот министер за животна средина Томаш Тараба. Роман Малатинец, беше последниот пратеник кој ја напушти партијата Хлас на министерот за ...

Свет

Голема победа на демократите на изборите за американскиот Конгрес

Историски изборен ден за демократите, но не поради големата победа со која ја освоија контролата над американскиот Конгрес, туку затоа што успеаја да продрат длабоко во традиционално републиканска територија на вчерашните среднорочни избори и да извојуваат победи во темно црвени држави. Во сојузни држави како Тексас, Канзас и Охајо кандидатите ...

Свет

Додека му „виси“ мнозинството во Конгресот, американскиот претседател Доналд Трамп го промовира реновирањето на рефлектирачкиот базен во Вашингтон

Милиони гласачи ширум Соединетите Американски Држави денеска гласаат за свои претставници во Конгресот, а анкетите непосредно пред изборниот ден проектираат дека опозицијата има шанса да ја преземе контролата и во Претставничкиот дом, и во Сенатот. Но, соочен со опасноста Демократите да имаат позначаен удел во обликувањето на последните две години ...

Свет

Автор: Игор Трајков