Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оставката на Милевски доставена до Собранието

/

Македонија

Сподели преку :

Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците.

Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски.

Досега во Собранието не е пристигнат предлог за избор на нов министер за локална самоуправа. Според информациите од Либерално-демократската партија, за ова министерско место ќе биде предложен Ристо Пенов.

Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини.

Во Собранието, нова седница има закажано за 17-ти октомври.

Jumbo 2