Во пресрет на завршните два натпревари од годинешното издание на Лигата на нации, селекторот Благоја Милевски имаше многу проблеми со составувањето на тимот.
Поради отсуството на неколку играчи, предводникот на националниот тим беше принуден за дуелот со Грузија да ја менува формацијата, која најверојатно ќе остане иста и за натпреварот со Бугарија, но се очекуваат неколку измени во стартната постава.
На голот сигурен е Столе Димитриевски, а идентична е тројката во последната линија која ја сочинуваат Ѓоко Зајков, Дарко Велковски и Висар Муслиу. Иако се постои можност шанса мечот да го започне и Никола Серафимов, кој ќе биде алтернатива за Велковски.
Дилема се уште постои дали мечот да го почне Стефан Ашковски и Тодор Тодоровски, на десната линија, а на спротивната страна дефинитивно стартер е Езгјан Алиоски.
Во средниот ред остануваат Енис Барди и Елиф Елмас.
Во составот се очекува враќање на Александар Трајковски кој во Тбилиси поради висока температура влезе во игра во второто полувреме, а во нападот се уште Милан Ристовски и Бојан Миовски.
ФОТО: Игор Паневски

