Рускиот претседател Владимир Путин, во денешното телевизиско обраќање до нацијата, објави дека дал инструкции за изедначување на правниот статус на доброволците во воената операција во Украина и борците во Донбас со руските војници.
Договорите за служба во вооружените сили на Русија ќе важат до крајот на периодот на делумна мобилизација, се вели во декретот на рускиот претседател објавен денеска.
Во декретот на Путин, објавен денеска, се прецизира дека највисоките функционери во регионите на земјата ќе треба да обезбедат делумна мобилизација во рокот што за тој регион го одреди Министерството за одбрана.
Претседателот на Русија денеска објави делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот на војници во воениот конфликт во Украина.
Во обраќањето што го пренесе руската телевизија Прва, Путин рече дека веќе го потпишал указот за делумна мобилизација, која ќе започне денеска.Таа се однесува на лица со воено искуство и ќе бидат повикани 300.000 резервисти.
Според информациите на Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу Русија изгубила 5.937 луѓе во „специјалната воена операција во Украина“, а Украина половина од армијата.













