Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Редовна седница на Владата

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска во Владата на Република Северна Македонија денес ќе се одржи редовната 83 седница.

На седницата по предлогот на Минстерството за внатрешни работи ќе биде разгледан Предлог-законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија застапувана од Владата, за посебните постапки за спроведување на финансиска помош од Унијата за Република Северна Македонија според Инструментот за претпристапна помош (ИПА III).

На дневен ред е и Информацијата за работата на интер-ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите за 2021 година, предложена од Министерството за труд и социјална политика.

За донесените заклучоци и одлуки од денешната владина седница која е предвидено да почне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение.

Jumbo 2