Во дербито на долниот дел од табелата, Работнички ја совлада Победа со 1:0 и го забележа вториот триумф во досегашниот тек од сезоната.
Стрелец на победничкиот погодок за Романтичарите беше Анес Рушевиќ во 30. минута.
Заслужен за трите бода на Работнички е и голманот Игор алексовски кој во неколку ситуации одлично реагираше и не дозволи да се затресе неговата мрежа.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.











