Утре ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Наутро ќе биде свежо со температура од 6 до 17°C, а дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 28°C.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.
УВ индексот ќе изнесува 6.
Информација од утрово:
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
7 Скопје-Петровец, 4 Кр.Паланка, 3 Тетово, Попова Шапка, 2 Берово, Маврово, Пожаране, 1 Скопје-З.Рид, Пожар.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 22.0, Преспанско Езеро 20.5, Дојранско Езеро 25.8
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!












