На церемонијата во Спрингфилд свечено беа промовирани новите легендарни кошаркари кои влегоа во Куќата на славните.
Во класата 2022 се најдоа имиња кои оставиле неизбришлива трага во историјата на овој спорт, а меѓу нив е и легендата на југословенската кошарка Радивој Кораќ, кој трагично го загуби животот во 30-тата година, а во шеесеттите години од минатиот век беше еден од најдобрите во Европа.
Место меѓу легендите доби и поранешниот репрезентативец на Аргентина, Емануел Џинобили, како и некогашната НБА ѕвезда, Тим Хардавеј.
Нови членови на Куќата на славните се гелендарните тренери Џорџ Карл, Дел Харис и Маријана Стенли како и Свин Кеш и Линдзи Вален.