Спорт Фудбал

Свечено отворен стадионот во Лусаил

На нешто повеќе од два месеци пред почетокот на Светскиот фудбалски шампионат што ќе се одржи во Катар, отворен е и последниот стадион на кој ќе се играат мундијалските натпревари.

Со мечот меѓу прваците на Саудиска Арабија и Египет, Ал Хилад и Замалек во функција е пуштен осмиот стадион на кој ќе се играат мечевите од Светскиот куп.

Величественото здание кое е изградено во новиот град Лусаил кој е во непосредна близина на патеката за Мото ГП трките и се наоѓа дваесетина километри од престолнината Доха има капацитет од 80.000 места и е најголемиот стадион на кој ќе се играат натпреварите на првенството.

Изградбата чинеше околу 700 милиони долари, а познат по златниот прстен кој е направен околу трибините и токму овој натпревар беше последниот тест за стадионот на кој ќе се играат десет дуели на шампионатот вклучувајќи го и финалето.

Инаку натпреварот по 90 минути игра заврши без победник 1:1, а по подобро изведување на пенали славеше Ал Хилал.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Белгијците го исмеваа Трамп откако ги прегазија САД на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Мерино го расплака Роналдо, Балогун не ги спаси САД од Белгија (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Белгија со порака до САД по победата: Поништете го сега ова!

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе