Македонската машка кошаркарска репрезентација вечерва од 19 часот во салата на СРЦ Кале против Словачка ќе го одиграат вториот натпревар од претквалификациите за Европското првенство.
По триумфот на стартот на гостувањето во Данска, нашата селекција со нова победа ќе биде чекор поблиску до реализација на целта, а тоа е влез во квалификациите за континенталното првенство што ќе се одржи за три години.
Во однос на првиот натпревар во Нествед, селекторот на националниот тим Александар Јончевски на располагање ќе го има Бобан Стајиќ кој успеа да ја санира повредата и ќе го заземе местото на младиот Димитар Пандев.
Натпреварот против Словаците почнува во 19 часот, а влезот за сите заинтересирани е слободен.