Нов пресврт во сагата околу продолжението на кариерата на Кристијано Роналдо.
Во текот на летото постојано се говореше за заминување на Португалецот од Олд Трафорд, а шпекулациите се интензивираа по очајниот старт на новата сезона.
Во изминатиов период Кристијано Роналдо се поврзуваше со можна преселба во Баерн, Челзи, Атлетико Мадрид, Спортинг Лисабон се споменуваа и трансфери во Олимпик Марсеј или евентуално Турција, но ниту еден клубовите не покажа интерес за 37-годишниот напаѓач.
По се што се случуваше во изминативе недели, сега Кристијано Роналдо наводно се премислил и сака да остане во клубот до крајот на договорот кој завршува следната сезона, а основна причина за менувањето на одлуката е доаѓањето на Каземиро кој наскоро треба да стави потпис на четиригодишна верност кон Манчестер Јунајтед.
ФОТО: Игор Паневски
