Европската фудбалска федерација објави дека потпишала рекорден договор за продажба на телевизиските права од мечевите во Лигата на шампионите.
Компанијата Парамаунт Глобал за откупување на правата за дуелите од елитното европско клупско натпреваување за Северно-американскиот континент издвои 1 и пол милијарда евра, а договорот е потпишан за следните шест сезони.
Парамаунт Глобал ги имаше правата и во претходните години, но тогаш сумата изнесуваше 100 милиони по сезона, а таа сега е зголемена за четири пати.
УЕФА со потписот на новиот договор направи преседан во своето работење околу продажбата на телевизиските права бидејќи до сега пракса беше тие да се важат по три сезони.
ФОТО: Игор Паневски
