Спорт Тенис

Елиминации на Свјонтек, Контавеит и Жабер

На турнирот од Мастерс серијата чиј домаќин е Синсинати познати се четврт-финалните двојки, кај дамите осминафиналето беше краен дострел за три од првите пет фаворитки.

Првиот носител Данил Медведев славеше во соочувањето со Денис Шаповалов, Карлос Алкараз беше поуспешен од Марин Чилиќ, а Стефанос Циципас го елиминираше Диего Шварцман.

Феликс Оже Алиасим забележа победа во дуелот против Јаник Синер, Камерон Нори го совлада Бен Шелтон, а пласман меѓу осумте најдобри обезбедија уште Тејлор Фриц, Борна Ќориќ и Џон Изнер.

Кај дамите турнирот заврши за светскиот рекет број 1 Ига Свјонтек по поразот од Медисон Кис, Шуаи Жанг триумфираше во мечот против втората фаворитка, Анет Контавеит, а Петра Квитова ја елиминираше носителката број 5, Онс Жабер.

Џесика Пегула беше поуспешна од Ема Радукану, Ирина Сабаленка ја совлада Шелби Роџерс, а место во четврт-финалето обезбедија уште Елена Рибакина, Каролин Гарсија и Аља Томљановиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лејкерс го отпуштија тренерот Дарвин Хам по двете елиминации од Денвер по ред

Дејан Дејан

Далас ги елиминираше Клиперс, Орландо се избори за мајсторка со Кливленд (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе